Saturday, February 11, 2012

Роберт Патинсон на црн килим!

Момчето кое никој не го препознаваше по лондонските улици пред неколку години, по улогата на најпривлечниот вампир Едвард Кален во филмот што ги заинтересира сите генерации стана една од најпознатите тинејџерски ѕвезди во светот. Тој вели дека неговиот живот по „Самррак“ не е ист, а по премиерата на последното продолжение од овој филм, „Зазорување“, го очекуваат уште поголеми промени.
 ● Пред три месеци во САД се одржа светската премиера на последниот дел од сагата „Самрак“,
Зазорување:прв дел.
За оваа премиера интересно е тоа што актерите, сценаристите, продуцентите и сите поканети гости овој пат не чекореа по црвениот килим како што е вообичаено на другите премиери. Така вампирите и врколаците чекореа на црн килим со цел атмосферата на гламур да добие повампирска слика.


 ● Неколку дена пред прмиерата на овој светски филмски мегахит, пред театарот „Нокија“ во Лос Анџелес (салата во која се одржуваше целата церемонија) обожавателите кампираа пред влезот за да ги видат своите омилени актери, особено Роберт Патинсон.


 ● Иако по црниот килим продефилираа голем број ѕвезди, атмосферата се вжешти кога по него зачекори Роберт. Тој на премиерата изјави:
„Ова за мене е како некоја измислена реалност. Моето секојдневје е толку здодевно и потоа ќе дојдам на некое вакво случување и се ми е некако невистинито, ми се случува нешто убаво.“                                       
                                                                                                                             Роберт и Кристен!





Роберт Патинсон: „Зазорување за мене е најдобриот и најкрвавиот дел снимен од Самрак“.
Патинсон во текон на целата премиера не се одвои од својата девојка Кристен.
„Па ние и технички сме венчани!“, изјави тој мислејќи на нивната венчавка во филмот, сцена која предизвика најголемо внимание кај гледачите.






Изработија:

А.Н   В.Н.

No comments:

Post a Comment