Friday, February 17, 2012

Чинар и Јешим сепак се во врска...

Чинар и Јешам се повторно во врска после сите тие расправии, Чинар што беше во кратка врска со Нигар Калфа и фотосесиите на Јешим тие не можеа еден без друг па затоа се повторно во врска. Нивната љубов е преголема така што секаде одат заедно како и „ На турско кафе со... “ .  Гледајте „ На турско кафе со...“ за повеќе информации. Исто така Чинар изјави дека многу му се допаѓаат Македонките и Македонија и тој има глумено во еден Македонски филм...







Изработија:
А.Н   В.Н.

Saturday, February 11, 2012

Роберт Патинсон на црн килим!

Момчето кое никој не го препознаваше по лондонските улици пред неколку години, по улогата на најпривлечниот вампир Едвард Кален во филмот што ги заинтересира сите генерации стана една од најпознатите тинејџерски ѕвезди во светот. Тој вели дека неговиот живот по „Самррак“ не е ист, а по премиерата на последното продолжение од овој филм, „Зазорување“, го очекуваат уште поголеми промени.
 ● Пред три месеци во САД се одржа светската премиера на последниот дел од сагата „Самрак“,
Зазорување:прв дел.
За оваа премиера интересно е тоа што актерите, сценаристите, продуцентите и сите поканети гости овој пат не чекореа по црвениот килим како што е вообичаено на другите премиери. Така вампирите и врколаците чекореа на црн килим со цел атмосферата на гламур да добие повампирска слика.


 ● Неколку дена пред прмиерата на овој светски филмски мегахит, пред театарот „Нокија“ во Лос Анџелес (салата во која се одржуваше целата церемонија) обожавателите кампираа пред влезот за да ги видат своите омилени актери, особено Роберт Патинсон.


 ● Иако по црниот килим продефилираа голем број ѕвезди, атмосферата се вжешти кога по него зачекори Роберт. Тој на премиерата изјави:
„Ова за мене е како некоја измислена реалност. Моето секојдневје е толку здодевно и потоа ќе дојдам на некое вакво случување и се ми е некако невистинито, ми се случува нешто убаво.“                                       
                                                                                                                             Роберт и Кристен!





Роберт Патинсон: „Зазорување за мене е најдобриот и најкрвавиот дел снимен од Самрак“.
Патинсон во текон на целата премиера не се одвои од својата девојка Кристен.
„Па ние и технички сме венчани!“, изјави тој мислејќи на нивната венчавка во филмот, сцена која предизвика најголемо внимание кај гледачите.






Изработија:

А.Н   В.Н.

Friday, February 10, 2012

Шехерезад ќе ја засени Хурем во Величествениот?!?


Шехерезад ќе ја засени Хурем во Величествениот?!?
Бергузар Корел се појавува во продолжението на серијата „Величествениот Султан“ во улога на госпоѓата Моника Тереза – убава и негувана европска дама која доаѓа на дворот на Султанот и ги остава жените од харемот во завист од нејзината блескава убавина!
Најпогодена ќе се најде Хурем кога Моника Тереза ќе ја покаже својата убавина пред Величествениот!
Бергузар Корел за оваа улога учи италијански јазик. Се појавува во серијата како добро пресметан потег на сценаристите, токму кога се појавија гласините дека Бергузар, во приватниот живот сопруга на Халид Ергенч, односно Величествениот Султан, станала љубоморна на убавата Хурем во која Султанот е смртно вљубен!
Така Бергузар гордо ќе настапи во хит серијата и уште повеќе ќе ја зголеми гледаноста на историската драма. Како Хурем ќе се справи со својата завист на убавината на Моника Тереза – гледајте во Величествениот Султан само на Канал 5!

Изработија:
А.Н.  В.Н.

Wednesday, February 8, 2012

Tolgahan Sayışman познат како Чинар во врска со...

Tolgahan Sayışman на македонската јавност познат како Чинар од серијата ,,Лале,, беше во долготрајна врска со Serenay Sarıkaya позната како Јешим. После снимањето и за време на снимањето на серијата ,,Лале,, тие двајцата беа во врска  а за тоа се доказ овие фотографии...



Но откако се разделија Јешим почна да оди по кафани и многу да пија таа се обидуваше на многу начини да го врати но неможејки да го стори тоа од болка и тага правеше секакви глупости како и ваква фотосесија:


                                                                                     
Но се што направи беше попусто бидејќи Чинар е во врска со Ahmet Filiz (позната како Нигар Калфа од Величенствениот султан).Иако тие го криеа тоа сепак не успеаа да им избегаат на папараците...




                                   




Изработија:
А.Н.   В.Н.

Tuesday, February 7, 2012

Мундотека:Полат и Махидевран во врска ???






Махидевран и Полат, кој би рекол, сопругата на величенствениот и познатиот мафијаш. Не се чудете, ви зборуваме за приватниот живот.Таа вест не зачуди сите. Од кај тие двајца во врска. Тие се последниот пар од сериите на кој би се сетил. Ако не ни верувате, погледнете со свои очи.



А што е со детето и нејзиниот сопруг???



Но сето тое е шпекулација Полат и Махидевран се само пријатели и ја снимаат последната сезона на „Долина на волците“ .
Еве погледнете со свои очи:
Махидевран и Полат не се во врска. Напротив таа има свој маж и дете кои многу ги сака и си живеат срекно...


Изработија:
А.Н.   В.Н.